Рецепт за поезија!

Damn. Песна напишана пред 3 fucking години.

Инспирацијата е иста…

И ќе биде.

Дур мене ме има.

Дур јас дишам и ја воспримам неговата љубов…

Ќе напишев поезија,
патетична и проста.
Ќе додадов грам
ритам и рима.
Малку метафора,
повеќе алегорија.
Помалку сласт,
повеќе страст.
Ќе те опиев со љубов,
ќе те натерав да ми го цениш трудов.
Ќе те наречев со зборови разни,
за некого перверзни, за некого безобразни.
Ќе те обликував во стих,
ќе те оформев во строфа.
Читај меѓу редови,
не оставај во себе мисли ледени!!

Посетено 301 пати