Кои се најдобрите или најлоши фори за „ќарување“?

Приоѓањето на девојката и правењето на првиот чекор не е ни малку лесна ствар, но ние ќе ви помогнеме како на лесен начин да „пријдете први“.

Доколку сте го гледале српскиот класик „Лаење на ѕвезди“, тогаш сигурно се сеќавате на сите генијални фори за освојување на моминското срце. „Мене ми е најлесно со бакнеж да ви ја затнам устата“ на пример,

Фактот дека девојките сакаат романтика и дека ги сакаат духовитите мажи, значи морате да се потрудите во првите неколку секунди да бидете токму тоа. Морате да го привлечете нејзиното внимание, да оставите јак впечаток. Тоа е најбитно, како разговорот за работа.

 

Ние ќе ви претставиме неколку фори со кои лесно ќе можете да влезете во конверзација со вашата симпатија и со кои ќе можете да се запознаете и со непознатата девојка која ви се допаѓа.

Вие самите одлучите кои од овие ви „паѓаат во очи“ и кои најлесно би можеле да ги изговорите со самоувереност. Притоа цврсто одлучете се дали сакате да ѝ пријдете на девојката или не, затоа што ако изгледате исплашено и како да се двоумите, тешко дека ќе оставите добар впечаток. Можеби некоја фора ќе ви делува смешна, детски или како некое клише, но ќе успеете да остварите успешна конверзација.

Едноставно пријдете ѝ и кажете:

  • Извини, дали си магионичар, затоа што не гледам ништо освен тебе?
  • Дали си религиозна, бидејќи ти си одговорот на моите молитви?
  • Леле, извини… го изгубив бројот од телефонот, па може ли да го добијам твојот?
  • Дали си знаела дека твоето тело е 65% вода, а јас сум многу жеден?
  • Дали може да те испратам до дома, бидејќи родителите ми велат да ги пратам своите соништа?
  • Да бев мачка, со тебе ќе ги поминев сите 9 животи.
  • Еј, јас сум крадец и дојдов да те украдам.
  • Се кладам во 2000 со тебе дека нема да излезеш со мене.
  • Дали сакаш Лего коцки? И јас, тогаш ајде да „направиме“ врска.
  • Бакни ме ако грешам, ама диносаурусите и ден-денес постојат, зар не?

Некои од овие се можеби најлошите фори кои може да ги кажете, но запомнете дека истото може да го искористите за да ги „исмеете“ оние кои ги користат за сериозно. Свртете ја шегата на своја страна, но не дозволувајте да заврши туку-така. Поентата е да си направите себеси простор за убава комуникација како би се претставиле и би ја запознала девојката која ви се допаѓа.

Не заборавете да се смеете, ако дојдете со сериозен израз на лицето и кажете „Дали сакаш Лего коцки“, веројатно ќе помисли дека нешто не е во ред со вас.

Насмевка, самоувереност и добра фора, тоа е сè што ви треба!

Посетено 4.810 пати