18 дестинации кои морате да ги посетите пред да исчезнат!

Земјата е дом на многу убави дестинации. Меѓутоа, како што климата постојано се менува, така некои места и познати градби се во опасност од исчезнување, а еве и за кои места се работи:

1. Кинески ѕид

Природната ерозија и циглите со историски гравири кои отпаѓаат довеле до тоа две третини од Кинескиот ѕид да бидат оштетени.

2. Таџ Махал

Познатиот Таџ Махал во Индија веќе со години се бори со загадувањето и ерозијата, поради што многу експерти веруваат дека ќе дојде до негово срушување.

3. Мртво море

Ова море, кое се наоѓа на границата помеѓу Јадран и Израел, потонало речиси 25 метри во претходните 40 години. Според тврдењата на научниците, ако луѓето продолжат да ја користат водата од реката Јордан, од каде мртвото море добива вода, многу е можно наскоро да исчезне.

4. Денали национален парк

И иако Алјаска вложува доста пари во зачувување на 6 милиони ари дивина, каде што туристите можат да уживаат во животинскиот свет. Но, прашањето е уште колку паркот ќе може да опстане. Климата влијае на тоа снегот се’ помалку да паѓа, а ледот да се топи, поради што преубавите пејсажи на врвот на Денали се менуваат.

5. Големиот корален гребен во Австралија

Австралискиот Голем корален гребен веќе претрпе значителна штета поради се’ поголемите температури и загадувањето на киселината. Живописните бои по кои беше најпознат избледоа, а недоамнешното истражување покажало дека дури 93% од гребенот наскоро би можел да избледи.

6. Алпи

Како Алпите се на пониска надморска височина од другите планински венци, така нивните глечери се посклони кон намалување, поради што секоја година исчезнуваат околу 3 метри алпски глечери. Некои научници веруваат дека сите глечери би можеле да исчезнат до 2050 година.

7. Големиот кањон во Колорадо

Ако имате прилика да ја посетите Америка, Големиот кањон во Америка е нешто што не смеете да пропуштите. Оваа дестинација секоја година станува се’ попопуларна и прашање е колку сето тоа ќе влијае врз кањонот и неговиот главен извор на вода, реката Колорадо. Со постојаните градежни работи како што е изградбата на туристички хотели во близина, природата нема да може уште долго да се опира.

8. Мемфис во Египет

Загадувањето и водата која се крева влијаат врз срушувањето на гробници, споменици и пирамиди во Мемфис. Бројот на туристи, без разлика на овои проблеми во земјата, не се намалува, што дополнително влијае спомениците побрзо да пропаднат.

9. Венеција

Позната по романтичните вожњи со гондоли, Венеција тоне веќе со години. Во последно време, околу овој проблем доста време се зборува, особено кога поголемите поплави станаа значително почести.

10. Малдиви

Една од топ туристичките дестинации во последните неколку години, дури и кај нас, полека тоне. Оваа островска држава во Индискиот океан би можела да исчезне за 100 години, предвидуваат научниците.

11. Амазон

Со импресивните 2,1 милиони квадратни метри, Бразилскиот Амазон е најголемата прашума на светот. Ако сакате авантури, ова е вашата нова омилена дестинација, која поради уништувањето на шумата полека исчезнува.

12. Килиманџаро

Врвот на планината Килимаџаро во Танзаија кој е покриен со ледена прекривка, најчесто се наоѓа на разгледниците на оваа земја, за жал наскоро би можел да исчезне. Од 1912 па се’ до 2007 година, ледената прекревка на оваа планина се намали со неверојатни 85 проценти. Вистинско време за далечен пат, нели?

13. Јордан

Полуизградениот град Петра е еден од главните туристички дестинации во Јордан. Меѓутоа, последниве децении, поради постојаните ветришта, дождовите и туристите кои често се невнимателни, дошло до тоа градот полека да исчезнува.

14. Хаваи

Националниот парк „Хавајски вулкани“ е единственото место на светот каде може да бидете сведоци на вулкански активности кои траат околу 70 милиони години. Многу животни и билки овде го пронашле својот дом кој во последниве години е под закана поради се’ поголемите климатски промени.

15. Тимбакту

Ѕидовите на џамијата во Тимбакту, кои се изградени уште во XIV век, полека пропаѓаат. Бидејќи ова е една од главните туристички дестинации на овој град, тамошните власти се трудат да го зачуваат своето наследство. Меѓутоа, со промените во климата, прашање е колку ќе бидат успешни во тоа.

16. Националниот езерски брег на Насликаните карпи

Америка навистина може да се гордее со својата природа, поради што националните паркови на оваа земја се секогаш посетувани. Националниот езерски брег на Насликаните карпи е уште една дестинација која морате да ја посетите ако се најдете во Америка, особено затоа што постојаните климатски промени влијаат врз природниот екосистем во овој дел од планетата.

17. Мадагаскар

Во последно време доста популарна кај младенците и кај оние кои сакаат далечни дестинации, островите Сејшели стануваат се’ попознати. Во научните кругови станаа познати по фактот дека полека исчезнуваат поради ерозија, која секоја година зема се’ поголем замав.

18. Пештерата Мендехал

Под глечерот, опкружена со лед кој за жал се’ повеќе се топи, оваа пештера на Алјаска е можеби првата дестинација која треба да ја посетите. Прашање е денот кога поголемиот дел ќе се истопи, што ќе доведе до тоа ова чудо на природата да исчезне.

извор: man.wannabemagazine.com/

Посетено 84 пати