ПОПУСТИ или ЛУДА МАРА СРЕЌА БАРА

Влезеш ли во филмот “понижење” – готова си! Шеташ со лудачки поглед низ продавници заедно со исти такви женички како тебе. Буричкаш по закачалки, по купови, бараш , бараш, а не знаеш што бараш. Реално ништо не ти треба. Дома си имаш сѐ: панталони со патент и две ногавици, кошулки со или со без копчиња со долги, тричетврт или кратки ракави. Имаш и палтенца, сакоа…ама сакаш нешто НОВО. А што да биде новото – не знаеш. И се враќаш дома со КУПЕНО (јееее). Едното парталче ти треба, а на другото се чудиш што да му правиш.

Посетено 275 пати