Покривот На Куќата На Фондацијата Луј Витон Украсен Со Светлосна Инсталација
“L’Observatoire de la Lumière”
Францускиот концептуален уметник Даниел Бурен создаде
светлосна инсталација на покривот на Фондацијата Луј Витон
која изгледа како калеидоскоп
Трудот се темели на архитектонскиот објект за кој е заслужен Френк Гери, а неговата футуристичка структура беше идеална основа за креирање на светлосна инсталација. Бурен е инспириран од страна на мазните линии на гигантските едра кои се прекриени со мозаици од стакло во боја формиранo во блоковите. Повеќе од 3 и пол илјади стаклени панели во 13 бои кои ќе ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето го прави овој проект особено интересен. Сем Даниел Бурен ја измислил оваа уникатна визуелна алатка составена од наизменични бели и обоени ленти со одредена ширина кои заедно се во можност да создадат илузија на светлината. Неговите дела најчесто може да се видат на музеи, галерии или јавни простории во центарот на парковите. Претседателот на Луј Витон Фондацијата го пофали проектот и изјави дека уметникот создаде амбициозно дело и на фасцинантен начин создаде дијалог меѓу зградата и неговата уметничка игра.
Посетено 371 пати