Пештерата и сликите
Жена како жена, сакаш од време на време да си смениш нешто во пештерата. Си купив рамки за слики, си направив слики со цутја. Ај сега да се радувам и да си ги наместам.
Едното стакло ОДМА го скршив на молекули.
– Каде е метлата, само дршка има!
– Не е метла, неонка е
– Аууу, па шо бара во
шпајзот?
– За фрлање е
Ок. Ја потпрев на ѕид во ходник.
Метев, метев, овојпат со вистинска метла, па правосмукав, правосмукав…и после ја скршив неонката на најситни парченца на свет.
Па после пак метев, метев, па пак правосмикав, правосмукав…..
– Остај жити сѐ, не пипај више ништо
– Ќе расечеме пети и прсти. Немам капацитет и на хирургија да окапеме.
Другиот ден ја празнев правосмукалката. Ај си викам како што ми тргнало да не се обесам со цревото околу врат. Што е сигурно, сигурно е!