Откриен вирус кој ги прави луѓето поглупави – постои сомнение дека е заразена пола популација

Стручњаците од медицинскиот факултет „Џон Хопкинс“ идентификувале таинствен вирус кој буквално ги прави луѓето поглупави, а пронајден е кај 45% од тестираните личности.

Откриениот „глупав“ вирус, кој обично се наоѓа во алгите, објавен е во списанието „ Proceedings of the National Academy of Sciences“. Хлоровирусот ATCV-1 е дел од збир на човечки вируси, а поврзан е промените во когнитивните функции кај луѓето и глувците.

Фрапантниот заклучок на истражувањето е дека ја менува генетската експресија на мозочните станици, што предизвикува луѓето да имаат послаби резултати на когнитивните тестови, визуелното процесирање и просторната свесност.

Од 90 личности кои се тестирани на присуство на вирусот, дури 40 од нив биле позитивни. Оние чиј резултат бил позитивен, полошо поминале на тестовите за брзина и прецизност на визуелното процесирање. Исто така имале и полоши резултати во задачите кои мереле концентрација.

Според наводите од истражувањето, вирусот ја менува генетската експресија поврзана со учењето, формирањето мемории и имунолошкиот одговор на детекција на вирусот.

Овој вирус, со други зборови, може навистина да ги ослаби мозочните функции, памтењето и имунолошката реакција. Покрај тоа, очигледно дека е прилично чест кај луѓето, што всушност го дава одговорот на многу прашања поврзи со сè поголемата глупавост кај општата популација.

Посетено 4.260 пати