Освежење за добро расположење (Приказни од хотелот)
За викендот беше најавена група гости од Србија и БиХ, колективно дојдени за на свадба. Цел хотел – фул. Чак што више и добро ми дојде малку да ја одморам главата од сите падобранци и секојдневни швалери и швалерки. Ден за уживање. Или не?
Дојде Клара видно испаничена. Ја гледам бледо и ја прашувам:
„Што е бе Кларче, што си ваква? Што се десило?“
„Горе е хаос… Пуштена е до даска онаа песнана „Sex is on fire“… Јас не знам… И плус се слушаат секакви звуци и воздишки… Ќе ги исплашат гостите… Мислам…“
„Цел хотел е со нивни луѓе, нивен срам. Што си се потресла па ти?“
„Имаш право…“
„Секако дека имам, ајде стави по едно кафе на раат да се напиеме.“ – реков.
Клара отиде до кујната да направи кафе. Јас пуштев некое музиче за релаксација ко кузнај колку ми е тежок денот. А, ни самата не знаев колку тек ќе ми биде стресен. Во тоа време секој стих беше задоволство…
Се врати Клара, го послужи кафето и ми вели:
„Не ќе е на арно… Женската излезе во собата и влезе во друга соба. Сите ли се роднини?“
„Ма јок, сватови. Од кај да ги знам… Дадоа ли лични карти и пасоши? Дадоа! Дадоа ли пари? Дадоа! Остало не ме занима…“
Јас бев толку занесена во Здравко Чолиќ што не ни ја заушив што ми кажа точно… И само се сецнав:
„Чекај, што? Отишла у една соба, па се вратила во својата? Како!?“
Не ни сакам да знам како сум изгледала во тој момент. Црвена жар сигурно…
„Сто пати им имам речено да не шетаат по собите, од една во друга.. Они не…“
„Клара, тоа е најмал проблем. Сега ќе дојде веселото…“
И само да ме праша што ќе се деси т.е. каква веселба не чека… Дојде една госпоѓа, дел од групата гости…
„Селма дојдена е?“
„Како молам?“ – со цел памет решив да се правам како падната од Марс, па додадов: „Мислам, ние… Не даваме такви информации“…
„Да, да… Не давате… А, Небојша тука ли е?“
„Госпоѓо, одете горе и проверувајте. Ние не водиме евиденција кој кога отишол некаде и се вратил…“
„А така значи? Па вие Македонците нели сте први сеирџии по глава на жител на Балканот и пошироко?“
Е тука зоврев, но ја закачив мојата наштелувана насмевка за лицето и културно ја замолив да провери дали се таму гостите што ги бара.
Притисокот ми се качи 200. Изгасив и Здравко и Мравко. Мислам не е крив човекот ама… Во тој момент, све ми изгледаше криво… Ама баш све.
„Клара, иди донеси ми од собата молим те едно дијазепамче, срце си…“
„Веднаш!“
Клара како фурија истрча кон мојата соба, патем комшиска на гостиве. И исто толку брзо се врати.
„Што нозе ќе имаше бе Клара, дај тоа дијазепамот!“
„Не го земав… Мислам не успеав…“
„Како не успеа?“
„Ма, горе ене се чупаат за коса?“
„Кој се чупа за коса?“
„Селма и оваа госпоѓава Сузана“
„Ауу…. Идеме горе, ајде…“
Се качивме горе нели како сеирџии од највисок ранг. А, таму веќе почнала трета светска војна. Сузе не бира средства за напад, од кубење до шлаканици, па се до посериозни предмети како пепелници и чаши. Жив покољ. А Небојша, стуткан во едно ќоше и ја моли Госпоѓата Сунце Моје да престане да ја напаѓа дрољетината. Јас целосно во бунило. Разбирам дека Селма е третата во ситуацијава, ама зошто се тепа додека овој мамлазот ја вреѓа.
„Ааа.. Ја претеравте више… Клара, викај полиција!“
Во тој момент двете се свртија кон мене.
„На кого ти полиција, ова е наш проблем?“
„Моја куќа – мои правила“.
„Ние тука плаќаме, ние…“
„Океј, 100 евра плус.“
„Какви 100 евра?“
„Због освежења за доброг расположења!“
„Јаоо, гледај ги ти нив…“
Тука почнаа секави ниски зборови. И додека двете се надвикуваа во навредите кон мене, мојот народ и хотелот… дојде полицијата.
„Добар ден, ве препуштам на двеве дами и господинот во позадина.“
„Што е тука проблемот?“
„Е оваа фукара била со маж ми!“
„Аха, а ти кога беше со Самет?“
„Тоа беше… Одамна.. Вие не бевте земени?“
Одеднаш Г-ѓа Сунце Моје стана Олоше Један. Драмата беше предолга. Сега сфатив и зошто Селма ја чупала за коса.
„Too much drama for my poor soul. Одам јас доле. Вие припремете си ги куферите и сметката од 100 евра.“
Им објаснив дека скришја доста инвентар, плус прекршија неколку куќни правила.
Се спогодивме за 65 евра. Боље ишта – него ништа. На свадбата не заминаа, но Селма и Небојша добро се располжиле. Судејќи по она што Клара го начека во собата… Од влажни марамици до искинати хулахопки… Лудило… А, да… Ептен го запалија сексот на крај. Уште само да им се придружеше и топ ќе беше…
Наредниот ден дојде Саша, младоженецот. Не беше лут, туку напротив. Беше полн со разбирање и бескрајно извинување кон сите нас Македонците.
„Ајде Сале, немој да се замараш. Криво ми е што не ти дојдоа иначе…“
„Абе Селма и го збираше на братучетка ми Сузе, ехее… Кога и викав јас, она не. Епа трпи си сега. А за зет ми Небојша не сакам ни да дискутирам…“
„Јеби га… Тоа е.“
„Ау, брате… Па и ти си знаела да пцуеш.“
„Од твоиве богами, од нервоза и ќе пропиев. Секое добро!“
Прошла приказна: ѕирни тука