Нов случај со искасапени кучиња! Кој е следен?!

Луѓе, верувајте дека ми се плаче… ми се плаче и душата ми трепери додека го пишувам ова, а чувствувам морална одговорност кон крзнените пријатели, но и кон моите сограѓани.

Овој случај е поврзан со Аеродром, а само пред неколку дена во Лисиче кога поединец со камен усмрти куче, што е блиску до сите нас.

Мислите ли дека психопатите се далечни од вас? Дека нема да ве повердат вас или вашите деца? Мислите ли дека совршено ги познавате сите ваши комшии и се чувствувате безбедно покрај нив?

Јас не.

Јас веќе не се шетам безбедно низ улиците на моето Скопје, се плашам од секој кој ќе ме погледне… случајно или намерно, ги поврзувам со случките кои се дешаваат во последниве две години. Две години! Две години масовно се убиваат кучиња и мачиња, дури се вршеа и сатанси ритуали… сѐ уште се чувствувате безбедно?

Дали сте помислиле дека протестите кои се одржаа беа само за некои за вас безначајни бездомни кучиња? Не! Беа за да се спречат следните жртви! Беа за да се затворат психопатите! Не во затвор, во санаториум! До крајот на животот… затоа што човек со мирна псхичка состојба не може да се дрзне да маскакрира невини суштества.

За психопатите, веќе не планирам да пишувам, не дека немам… имам уште многу да им порачам, туку едноставно почнав да ги множам со нула…

Но, вие… граѓаните на Скопје и низ целата Македонија, вие сте тие што живеете со и до овие психопати. Вие сте тие што го штитите семејството. Вие сте тие што не смеете да замижите после вакво злосторство!

Не сум човекомрзец, напротив, колку што сакам луѓе, уште повеќе сакам животни… но, ако и вие ги сакате луѓето ќе застанете зад правдата.

Заедно сме посилни! Но, како народ… 😉

Посетено 916 пати