Млада рокерска надеж: Јовче и Ивана ја промовираа новата песна „Медот отровен“ (ВИДЕО)
После двете успешни песни кои веќе ги промовираме на нашиот портал насловени како „Суден час“ и „Вина Девица“, вокалистот Јовче Пандев не застанува тука.
Тој неодамна го објави спотот за новата песна „Медот отровен“ заедно со Ивана Василева. Јовче е задолжен за текстот и музиката, како и за сценариото на спотот. Аранжманот е на Иван Петровски – Јоки, а продукцијата е на Горан Гешовски.
Во музичкиот состав се:
гитара – Зоран Трендов
тапани – Александар Џигер Ванчовски
Бас – Горан Гешовски
Канун – Тимко Чичаковски
„Од секогаш ме привлечувале раскошни аранжмани, богати по својот карактер, песни кои начнале повеќе жанрови во еден и се посолиле со древност, во случајот ориенталната делница во “Медот отреовен”. Задоволни најмногу, на 300та кејфови сме и со видеото и со песната. Ивана, другарка ми пресреќна, оти нели првенче нејзино. Ми се заблагодарува демек почестена била. А нема врска, правата боја и интерпретација ги има само кај неа. Заслужено и сосема нормално беше таа да испее. Одличен вокал. Тоа шо ми е другарка е друга работа.
Дечки фала ви што не’ третирате достојно на порталот и подржувате македонска музика. Еве и третиот спот на SHARE кај вас. “Медот отровен” е половина од патот до албумот, така да 2020та исто ќе си рмбаме за да заслужиме нови песни и музики. Имајте благословена 2020, најдете го спокојот во душите и бидете добри луѓе. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ МАКЕДОНИЈО, да сме живи и здрави и наслушани на добра Македонска музика. Ура ура ура…. преживеавме уште една година. Останете доблесни до следното читање.“, изјави пејачот Јовче Пандев.
Спотот за новата песна „Медот отровен“, можете да го погледнете овде: