Љубовта покрива многу гревови

Се омажи.. Со сиот тој луксуз. Дента светеше како лампион… Ред насмевка, ред бисери околу вратот… Бисерни обетки и свилени трепки го красеа лицето.. Косата слободно и паѓаше долж голите рамења, а сандалите го красеа одот.. Дента наликуваше на принцеза од бајките, раскошна убавица на која можеа да и позавидат.. Тој.. Младото момче се гордееше со неа, ја сакаше искрено со целата своја душа.. Се’ правеше за неа, го разбираше нејзиниот поглед, и правеше се ‘.. За нејзината преубава насмевка…

Речиси изминаа неколку месеци од свадбата, но страста што ја имаше на почетокот веќе ја немаше како порано.. Убавицата се’ повеќе се оддалечуваше од семејниот дом, се’ повеќе беше ничија отколку негова… Тој продолжи со навиката да и подари цвет за в коса, само што таа сега го фрлаше в корпа, наместо да го стави во прамените. И засмета неговата просечност, тоа што тој беше толку едноставен, а насмевката секогаш ја имаше.. Тогаш кога таа ќе се појавеше.. Ја чекаше да си дојде од работа.. Ја чекаше како капка дожд во пустина, да ја засити жедта за неа.. Толку многу ја сакаше.. Беше едноставно скромно момче од соседството, а нејзи таа негова особина и засмета…

Започна да трага по дива и разуздана страст… За да го засити своето крвожедно его.. Веќе почнаа да се менуваат партнери… Еден, два, три,… Бесконечно долги ноќи, во кои таа се чувствуваше како кралица.. Едно утро се рабуди со главоболка и замина во купатилото да земе таблета.. Наеднаш се сврте и остана да стои во место.. На грбот забележа две темнокафеави дамки, таа појава ја загрижи.. Беше сама дома, но сликата и остана.. Ја прогонуваше.. Стравот ја совлада и несвесно заврте во правец на градската болница. Докторката не и рече ништо, само кратко ја праша: -Со колку партнери спиеше ? – Се засрами од нејзиниот прашален поглед и замина во лабораторијата.. Го чекаше резултатот, а тоа што самата го виде беше повеќе од смртна казна.. Не знаеше каде да оди… Вртеше во круг со автомобилот, каков што всушност стануваше и нејзиниот живот.. Магичен круг на лудило од кое не можеше да се спаси…

Замина дома,… Веќе не беше онаа раскошна убавица која го заведуваше машкиот свет… Сега таа беше сенка на сопствениот живот.. Тој… Ја чекаше како вообичаено со цвет во раката… Го зеде цветот и… Една солза се слизна низ нејзиниот образ и ја допре црвената роза… Немој, те молам… Јас не заслужувам.. Јас сум ништо… Плачеше… Полека го извади пликот од ташната и му го подаде.. Додека тој гледаше тапо во буквите и ситните бројки, таа зборуваше… Река од зборови излезе од нејзината душа… Ја сослуша.. Таа плачеше и раскажуваше.. Убиј ме !!.. Зошто ми е да живеам !!… Малку е тоа !!!… Ја зеде во прегратка.. Неговата љубов беше поголема од болеста, поголема од грешките кои ги стори.. Поголема од гревот кој го направи… Тоа беше љубов… Што никогаш не заоѓа.. И на грешникот ќе му помогне.. Таа љубов што никогаш не ќе овене… Тој беше и остана љубов…

Оливера Ширговска

Посетено 365 пати