Скоро вистинска приказна за 2-та жилета

zilet-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]

Си купив 2 исти жилети,
беа закачени еден поред друг на картонот
Со првиот 20 дена се бричев со ќејф
во меѓувреме со него лупев овошје
сечев пршута и чистев риба
Кога умре го ставив во посебна кеса
и со сите почести го погребав во
најчистиои маалски контејнер
А вториов??
Нормално очекував дека ист како првиот,
ќе ме служи долго како него
па испланирав да го користам
и за реновирање на станов
Арно ама, тој после 5 дена
рикна, почна да ме гребе, да ме сече
„Што ти е?“ – го прашувам
„Не знам уморен сум, ми се гледа некоја серија,
ај денес не се бричи“
„Како да не се бричам?..да искачам на улица
како муџахедин на полуматура?..никако“
Пробувам aма џабе, не го бива
како да се бричиш со шмиргла
Ме изнервира и го скршив
а сечилата ги изедов, мислев ништо нема да ми биде
Ама види го фраеров,
кога требаше да ме бричи тап се прави
а сега да ми ги сече цревата нема гајле
Од инает е, знам

595x90

Посетено 2.012 пати