Либе Љуби Пелинковац

На прва, ми звучеше како …Пелинковац на мору, таква работа, ама откако се запознавме, тераше накај езеро. Охридско, него како.
Оваа пијачка, горко-блага ликеруша, пред некој ден, повторно ме освои со својот уникатен шарм. Не знаејќи што да порачам кај Бобе у “Тапас„, случајно ја видов добро познатата шиша.
Опаа. Како што ја ставив у уста, одма повратак у младост (и лепоту). Неверојатно е тоа чувство, како една пијачка може да ве потсети на тоа дека сте бааги со годинките, иако, у главата сте останале истата зељка од пред 30 тина години.
Значи, Градиште 1982 па на даље. Копиљаци, само што запознаени со убавините на алкохолот (пренесени од колено на колено: Мите Маткалиев, Саше Фучка, Жарко Џипун, Јоцо Давидовиќ, Нешо Костовски, Медо Тозија, Драган Гаче…), нормално, запоседнати у први ред.

keep-calm-and-drink-pelinkovac-4
“Pij malo, pij dobro!”

Леле мајко какви убавини беа тоа. Пуни ко бродови по џебоите (иако, споменативе господа погоре, ама баш никако не даваа да се пипкаме по џебои кога бевме со нив у кафана), цел ден беше ка-ка-ка-ки-ки-ки, нормално, со големи дози на разни алкохоли и алкохолчиња. Времиња неповратни, кога се заљубуевме како тикви на секои 10 минути, кога не се знаеше посабајле кој у каков шатор ќе се пробуди…
И ајде шо пиевме вињаци (Рубин), коњаци (Бадел, Векија, Шток), пивца Туборг (на картонажа), него да сме пробале и Пелинковац бре, бре, бре.
Со челични стомаци и челична желба за глупости, знам дека мерката пред шатор, пред излагање у диско ни беше по литар за човече. За у диско после, да не праиме муабет – праевме дотур.

364

Една смешка ми остана од тогаш. Демек, со Џипуна малиот, опалуеме пред шатор/приколица 2 флаши Пелинковац и на неговото моторче, фаќаме правац одмаралиште на Интеримпекс. Шо сме барале таму? Ха, на визита кај драгата ни Силвија, која не гостеше со пијачки, дакако на потпис.
Арно ама, едно време у кампов ги фаќа паника…кај фатија овие двајцава, а позади себе остаиле две празни флаши? Богами за паника е.
Нормално, потерата со ауто ја организираше нашата втора мајка у тоа време, Тетка Гоца Костовска, мајка на Ана и на Емил. Добро поминавме, затоа што ние веќе се бевме враќале (кое ли е ова време у македонската граматика?), онака јако наплескани, на сребрениот Томос Џипунов. Не пресретнаа со ауто, мислам некаде кај Пешчани, ама не се сеќавам баш најдобро, од разбирливи причини.
Малку не подзакараа, ама ептен се испотресовме и убавата ноќ ја завршивме на диско.
Времиња ли се времиња…

Посетено 1.145 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски