Како да раскинете со некој кој мисли дека вие сте ,,Вистинската Личност,, за него?
Раскинувањето со некој не е лесно. Добро, доколку вашиот парнер бил идиот, во тој случај раскинувањето е полесно. Но, луѓето најчесто раскинуваат од причина што нивните партнери биле ужасни личности. Кога работите не одат како што треба тогаш е време да се прекине врската како би можеле да созреете како индивидуалци.
Доколку личноста со која сте излегувале не била добра или била лоша кон вас во одредени постапки или дела, во тој случај е многу полесно да ја прекинете врската.
Но, доколку е таа личност добра и била добра кон вас и сакате да задржите пријателски односи, тогаш е потешко да ја прекинете врската со таа личност. Најтешко од се е кога сакате да ја прекинете врската со некој кој сметал дека вие сте ,,Вистинската личност,, за неа.
Љубовта во тој случај е многу интересна. Многу луѓе се заљубени во личности кои не се заљубени во нив и никогаш нема да бидат. Тоа е тажно, но е неизбежен факт кој постои. Доколку ви се скрши срцето, со тоа ќе станете многу посилна личност. И секако проблемите кои ви претстојат во животот ќе ги прифатите многу полесно и ќе бидете повеќе подготвени за иднината која ви претстои.
Знаеме дека е жално да прекинете врска со некој кој ве сака и кој е убеден дека вие сте Вистинската личност, но повеќе од потребно е да ја прекинете на време. Тоа е најдобро и за двајцата. Доколку не го сторите тоа, врската ќе заврши премногу болно на крајот.
Прашањето е: Кој е најдобриот начин да ја прекинете таа врска?
1. Раскинете на само и очи во очи.
Никогаш немојте ни да помислите да испратите порака или email или пак преку телефонски разговор да ја прекинете врската. Тоа е сосема погрешно. Доколку знаете дека за таа личност сте се на Светот, тогаш е најдобро да имате храброст и да раскинете очи во очи.
Исто така, одберете некое мирно место каде што ќе бидете на само доколку се појават солзи кај едниот од вас. Знаеме дека оваа ситуација нема да е ни малку пријатна за вас, но кој вика дека раскинувањето на некому треба да биде пријатно?
Доколку веќе сте заљубени, тогаш можете да страдате од различни непријатности. Но, вашиот партнер има искуство како е да се биде повреден и како е да ви биде скршено срцето.
Се сомневаме дека постои некој кој е љубител на конфронтации, но во овој случај е неопходно да пораснете. Време е да бидете возрасни.
2. Бидете искрени. Брутално искрени.
Немојте да измислувате ниту пак глумите. Кажете на личноста која е и каква е вистината, но направете го тоа да не ја повредите. Немате потреба да направите список на работи кои ви сметаат и за кои повеќе не сте заинтересирани, но потрудете се кристално јасно да објасните дека е готово со вашата врска.
Немојте да лажете, бидејќи лагата секогаш прави да се појави лажна надеж со што уште повеќе ќе ја влошите состојбата. Навистина знаеме дека сакате да го сочувате вашиот партнер од болката и од тоа да биде повреден, но, вистината и не е баш таква.
Кога еднаш вашиот партнер ќе сфати дека е готово со врската, болката ќе се појави и вашиот партнер ќе биде повреден. На вашиот партнер ќе му треба поддршка и разбирање и вие сте тие кои треба да му ја дадете во тој момент.
3. Дадете му точно до знаење дека нема никакви шанси да сте повторно заедно.
Со вашето раскинување вашиот партнер ќе биде многу повреден. Вие сте му него се на светот. За него сте вие од големо значење. И потребно е да го измените тоа. Животот на вашиот поранешен партнер сега станува сосема конфузен. Неговата или нејзината дефиниција за љубов сега ќе се измени. Одсега таа личност ќе биде сосема поинаква. Вие ќе бидете заслужни за промената кај таа личност засекогаш.
Знаеме дека ова звучи како да имате огромна одговорност, но вистината е таа. Можеби нема да сакате да бидете доведени во ваква ситуација, но тоа е нешто со кое мора да се справите. Сега е потребно да го направите тоа што е можно побезболно а тоа секако ќе биде најдобро и за двајцата.
Бидете јасни. Бидете директни. Бидете љубезни. Постојат големи шанси и вие да бидете во позицијата на вашиот партнер еден ден. Работете на таа карма сега, во овој момент.
4. Овозможете си малку простор помеѓу вас
Сигурно вашиот поранешен партнер ќе посака да останете пријатели. Не смеете да го дозволите тоа да се случи. Познаваме неколку парови кои после раскинувањето останале пријатели, но можеме да ви гарантираме дека во овој случај тоа нема да биде возможно да се случи.
Доколку личноста на која сакате да и раскинете мисли дека вие сте вистинската личност за него, во тој случај е многу тешко да најде друга личност. Можеби кога двајцата ќе продолжите со своите животи, можете да бидете пријатели. Но, за тоа ќе биде потребно многу време. Како што поминува времето, најдобро е да оставите простор помеѓу вас двајцата. И доколку сте добра личност ќе посакате да останете пријатели понатаму во животот.
Но, порано или подоцна вашиот поранешен партнер повторно ќе посака да бидете заедно како пар. И во овој случај работите повторно ќе се испомешаат. Доколку сакате да не се случи тоа, тогаш е најдобро и за двајцата да прекинете секаков контакт.
Посетено 2.472 пати