Како да ги научите децата да бидат среќни? Важна лекција за сите родители!

Да одгледате среќно дете не е лесна задача, но често родителите, во намера да им го олеснат тешкиот животен пат, го прават токму спротивното. Всушност, токму и тоа е темата на една стара руска приказна која на едноставен начин ќе укаже на крупните грешки на родителите и открива една голема тајна – како да ги научите децата да бидат задоволни и среќни.

„Еднаш еден мудар старец си одел по патот, ја набљудувал природата и се восхитувал на убавите, јарки бои на пролетта. Одејќи така, по пат му наишол еден човек кој на своите плешки носел толку тежок товар што нозете му се треселе.

– Зошто се осудуваш себеси на толку напорна работа и страдање? – прашал старецот.

– Се мачам како моите деца и внуци би биле среќни – рекол кутриот човек.

– Мојот прадедо се осудил себеси на тешка работа како би му помогнал на мојот дедо, дедо ми се жртвувал поради татко ми, а татко ми поради мене, а сега јас се мачам поради среќата на моите деца – дополнил.

– А дали некој во вашето семејство бил среќен? – го прашал мудрецот.

– Сè уште не, но моите деца и внуци сигурно ќе бидат! – извикал човекот.

– За жал, неписмениот човек не може да ве научи да читате, а кртицата никогаш не одгледала орли! – издишал стариот мудар човек.

– Прво мораш сам да научиш да бидеш среќен, како би им покажал на своите деца што е среќа. Тоа ќе биде твојот највреден подарок за нов – дополнил.“

извор: novizivot.net

Посетено 1.745 пати