Каде Што Еспресото Има Вкус На Историја

roma+16+gennaio+2011+by+paomaz+(272)_760x450

Кога патувате на некое место, обично во сеќавање ви остануваат туристичките атракции, улиците и спомениците. Но најдолго се памти мирисот на кафето испиено во убав амбиент.
Кога патувате треба да ги избегнувате меѓународните синџири на кафулиња. На пауза од шетањето низ музеи или напорниот шопинг, посетете некое убаво местенце што има историја на служење кафе. На пример:
Кафе „Пушкин“ Москва (Тверски булевар 26а)
Недалеку од плоштадот Пушкин се наоѓа омиленото (аристократско) кафуле на познатиот писател. Денес е ексклузивен ресторан кој работи 24 часа и е омилено место за оние кои заглавиле ноќта и им е потребно трезнење со боршч или палачинки со кавијар.
Кафе „Греко“ Рим (Виа Кондоти 86)
Уште од 1760-та година во ова кафуле доаѓале писатели од рангот на Гете, Бајрон, Шели, Китс, а наминувал и Казанова. Ова е едно од најпознатите кафулиња во кое неминовно е да се напиете кафе, а се наоѓа на неколку метри од Шпанските скали.
„Пера палас“ Истанбул (Мештријет Чадеси 52)
Оваа слаткарница е многу посебно место. Не само што посетителите користат сребрен прибор за чај и јадат европски колачи, туку го користат приборот кој прошол низ рацете на Агата Кристи, Грета Гарбо, Едвард Осми, Сара Бернар и останатите патници од „Ориент Експрес“.
„Централ“ Виена (Херенгасе 14)
Специјалната мешавина на виенско кафе во кафулето „Централ“ е посебно искуство. Таму наминувале Троцки, Ленин, Фројд и Хитлер. Денес е кафе собиралиште за урбаните жители на градот.
Кафе „Жербо“ Будимпешта (улица Воросамарти 7)
Ова е најголемото и најпознатото кафуле во Будимпешта кое потекнува од 1858-ма година, а е познато по слатките кои ги смислил Швајцарецот Емил Жербо.
Преземено од Pixel.mk
Посетено 1.148 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!