‪Извинете што омилениот актер ви бил педофил

kevin-spacey-pocetna
[fblike]
Извинете што омилениот актер ви бил педофил. И не е само ваш.
И не сте само вие селективни хипокрити‬.
Кевин Спејси бил! Бил добар глумец. Ох, да. Одличен! Нема бољи. Се гледа и по изјавата дека не се сеќава, можеби… ако да, се извинувал, стварно многу се извинувал, одамна било…
ама и те како добро се сеќава дека бил пијан и во соба со 14 годишно дете на негови 30 години!
Па стаивте и краен рок до кога смеело да се пријавува ако некој е жртва на полов напад. Небаре одредувате краен рок за рата за кредит! Небаре педофилија поминува како мало прсте удрено од кауч.
Еднаш педофил, засекогаш педофил!
Дете од 14г. кое само тоа знае како, колку долго го преживеало шокот и какви психолошки последици му оставило, морало одма да пријави, инаку според ФБ експертите од единицата силување и полови деликти (пу-пу) не се важи.
Се надевам дека вашите деца и оние кои допрва ќе ги имате нема да ги поучите да молчат, или никогаш да не го кажуваат силувачот, само зошто ги пипкал вашиот омилен глумец!
rapeНе пости разлика помеѓу грозен лузерски и славен педофил. И двата се еднакво монструозни и опасни за сите. Постои само вашата хипокризија и victim blaming гласно објавено на соц. медиуми, кои ги читаат сите, од педофили до деца. Тоа им дава сила и инспирација на сите силувачи и потсвесно ги учи децата дека треба да молчат ако се полово нападнати од некој со повисок социјален статус. Славни или сиромашни, педофилија и полов напад се монструозни дела казниви со закон!
Кој ќе биде следната жртва и дали ќе биде холивудско дете кое пораснало, вашето, или вие самите не знаете, ама она што треба да ви влезе во глава е дека вие (селективни оправдувачи на богати и славни манијаци) ќе имате свој мал, но значаен удел во следниот сличен полов деликт.
‪…ако ви е за утеха‬ и мајка ви лошо се осеќала коа дознала за Роман Полански, ама немала ФБ и не лупала зелени
Оливера Петковска

595х90 px-01

Посетено 2.337 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

Wandering Witch: The Journey of Elaina (Dub) (https://funimationfree.com/m/r3DA) Episode 3 at website https://funimationfree.com funimation fruits basket season 2

Watch Attack on Titan (Dub) Episode 18 at website https://animeflix.nl animeflix one punch man