Имам маана, не верувам на луѓе кои не знаат да плачат, ни да се радуваат!
Ме потсети на песната на мојот Иги:
Не им верувам на луѓето кои не знаат да се поздрават црвсто држејќи те за рака.
Не им верувам на луѓето кои не знаат да се насмејат на бебе кое радосно се смее.
Не им верувам на луѓето кои не сакаат да ја сослушаат и другата страна.
Не верувам на луѓе кои не се смејат од срце!
Не им верувам на оние кои не знаат да пуштат ниту една единствена солза.
Не им верувам на оние кои не се насмевнуваат кога те отпоздравуваат.
Не им верувам на оние кои не знаат дека за среќа е потребно многу малку.
Не им верувам на оние кои секогаш се сметаат за жртви.
Не им верувам на оние кои се како питонот, кои те гушкаат за да полесно ти го забијат ножот вo грб.
Не им верувам на оние кои не знаат да сакаат искрено и од срце.
Не им верувам на оние кои мразат чоколадо.
Не им верувам на оние кои обожуваат да провоцираат.
Не им верувам на оние кои обожуваат да се крвопијци.
Не им верувам на оние кои оговараат со мене.
Не им верувам уште помалку на оние кои еднаш ме оговарале.
И на крајот од денот, изгледа не верувам никому, а најмалку на себе.