Иде хипик кај матичен на преглед…
Хинду-хипик кај матичнио:
– Докторе, осеќам некој телесен дисбаланс, чакрите не ми се у ритмична функционалност, јавуват ми се привиденија пред Самсара. Највеќе третата чакра, Манипурата ми ствара тегоби и ногу лошо кореспондира со петата, Висудата шо почнува да ме гуше и праќа негативно ахармонична сензационална сигнализација до седмата, Сахасрарата која шо како последна и највисока фабрика на енергија не е уопште у синхронизирана интеракција со другите. Помагај.
– Молим?
– Шо молим бе докторе, некој простин ме е најанал, проливи, грлото ме гребе, тиквата ќе ми прсне!!!
– Па така кажи. Ќе земеш Амоксиклав, Фервекси, Стрептазол и обавезно цела дискографија од Ипче Ахмедовски.
Посетено 971 пати