Криви огледала

Инспириран од браќата Грим
iskriveno ogledalo_majkatiitatkoti[fblike]
Господарот на едно кралство, едно утро се разбудил и се погледнал во огледалото.
Не му се допаднал неговиот изглед.
Главата му била малечка, стомакот голем а стапалата големи.
Долго време мислел дали е до него или до огледалото, во кое го гледал својот одраз.
Тогаш се консултирал со својот прв советник по естетика и по кратки преговори, советникот му рекол:
-“Треба да се уништат сите огледала во земјата, вие сте прекрасен, огледалата се криви!”
За кратко време не постоело ниту едно огледало во земјата.
И, господарот бил среќен.
Тогаш се појавил друг проблем. Луѓето не можеле да се огледат, не можеле да се дотераат, исчешлаат, облечат, не можеле да ја задоволат својата потребата за естетика…
И, господарот бил среќен.
Минувало време…
Луѓето полека почнале да го губат мислењето за себе, им станало сеедно како изгледаат и како другите ги гледаат.
Информациите за својот изглед најчесто го добивале од своите најблиски.
Но…
Зборовите од типот: грд си, дебел си, имаш голем нос, големи стапала, мала глава и слично, биле забранети и најстрого казнувани.
Така оддеднаш сите луѓе во ова кралство станале “убави”, со перфектни пропорции и… биле “среќни”.

-Како добро изгледаш!
-Навистина?… и ти исто така!
-Благодарам.
Се делеле комплименти на сите страни…
А НИКОЈ, НИКОГО, НЕ СМЕЕЛ ДА ГО ПОГЛЕДНЕ ВО ОЧИ!

test baner cist text

Посетено 1.527 пати