Фирдаус Неби: “Господине Министре, Алаѓозовски, дали…

Господине Министре, Алаѓозовски, на вашата ФБ страна прочитав дека директорот на МНТ, Драган Спасов Дац поднел оставка, која оставка министерството ја прифати!

Г-дин Министре, дали Дац како директор, поради свое несовесно работење има допринесено за лош квалитет на репертоарот на МНТ?

Дали поради сопствена неодговорност дошол под дејство на алкохол на работа и така алкохолизиран ги водел работите?

Дали поради неспособноста на Дац, беа поплавени подрумските простории на МНТ?

Дали поради невнимание на Дац, постоеше зградата наМНТ да се опожари?

Дали Дац, како директор на НУ МНТ, има допринесено за некој лош меѓународен рејтинг на МНТ?

Како можете да ја прифатите поднесената оставка на Дац, за нешто што во било кое општество и држава, секому може да му се случи?

Како можете да си ја зимате слободата, да се плеткате и делувате и во приватните полиња на личности кои службено вам ви се подредени и за тоа да спроведувате санкции?

Сообраќајката на Дац е негова ПРИВАТНА работа, како тоа не можете да го протолкувате и да се поставите изнад гладните, злобни, осветољубиви, пропаднати, безлични луѓе од секојдневието, кои во ова наоѓаат духовна храна?

Ако ви е и моралната големина колку што ви е габаритот, не би требало да ја прифатите поднесената оставка, бидете изнад лажно моралните кои се моментално околу вас на власт.

Ако веќе толку ви е до морал и етика на јавен функционер, тогаш јавно ве прашувам.

Зошто вие, како јавен функционер, не поднесовте оставка кога ви објавија ваша фотографија каде се гледа дека сте во костимот на Адам т.е и без листот кој Адам го користел!?

Дац, секогаш си бил голема личност.И со поднесувањрето на оставката им покажа на сите злобници дека си изнад нив.

Она што господ дава,никој не може со ништо и никогаш да го земе или оспори.

Тебе Дац, Севишниот ти дал и етика и морал и талент.


Фејсбук статус: Фирдаус Неби

Посетено 1.960 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!