Еве зошто никогаш не би требало да ја лажете паметната жена

Жените знаат сè. Имаат толку силна интуиција што би можеле да ја регистрираат секоја лага. Мажите не разбираат како секогаш женската интуиција функционира, значи, ви предлагаме на сите мажи да не ги лажат своите жени.

Прочитајте ја оваа кратка и смешна приказна која докажува дека не може да ја излажете жената. Мажот во оваа приказна ја научил оваа вистина на потешкиот начин.

Мажот ѝ рекол на жена си еден ден дека ќе оди на риболов во Кина на една недела со својот шеф, ако сака да ја добие промоцијата на која се надевал. Значи, ѝ кажал на својата жена да му спакува доволно облека за една недела заедно со приборот за ловење. И рекол исто така да ја спакува неговата нова сина свилена пижама.

Неговата жена веднаш приметила дека нешто не е во ред, но се одлучила ништо да не му кажува на мажот. Направила како што ѝ рекол и го почекала да се врати од патувањето.

Нејзиниот маж се вратил после седум дена и ѝ рекол дека е многу уморен, ловењето било успешно и имал одличен провод.

Жената почнала да го распрашува околу деталите за патување. Ѝ рекол дека уловиле многу риби: лосос, сабјарки итн. Тогаш, се свртел кон својата жена и ја прашал зошто не ја спакувала неговата свилена пижама.

Неговата жена му одговорила: „Ти ја спакував. Таа е во кутијата со приборот за риболов.“

Посетено 8.675 пати