Денес има различитост у секоја нормална мисла, суровост у култура, ама Скопје го нема..
во Скопје порано имаше живот..и шмек..и боеми..и битанги ама и принцези..имаше воздух, мирис на бурек и скара..имаше бутки со сок мешан со сода, сладолед на стапче и у корнет, имаше телефонски говорници, липи, багреми, штампа и коректен однос..
градот имаше достоинство..кој го немаше, го осудуваа..
Скопје имаше згодни цури, шмеќери, вистински интелектуалци и генијалци без дипломи..и све тоа се поштуваше..
имаше утринска чорба, шприцер, бричени бради и дами со стил, култура у обичното добро утро..во темници се сакавме, во светлата се истепавме..
денес има различитост у секоја нормална мисла, суровост у култура, ама Скопје го нема..
што повеќе цркви, џамии и институции, сѐ помалку поштовање кон човекот..
Скопје, извини те испуштивме од руки, посветени сами на себе без да ти дадеме дел од себе..те сакавме али не те испоштувавме