А бе дечки што не идете во политичари кога за ништо не ве бива

во месарница кај мене
работат двајца млади дечки
Нарачувам печеница, едниот зема да ја сече
и го прашува другиот
-на кој број сечеш?
-пробај едно парче па ќе видиш
-еј не можам, ај ти сечи
Се чудам, месар не знае да исече салама на машина!!!!!
Зема другиот да сече, му викам
-најтенко што може
Дома отварам, исечено како дрва за камин,
200гр успеал да пресече дури на 3 парчиња!!!
Се мислам – а бе дечки што не идете во политичари
кога за ништо не ве бива

Посетено 2.484 пати