4 Прашања кои треба да го прашате вашето момче пред да ви стане сериозна врската

Stocksy_txp74e3a8acqNl000_Small_844786
 Што е сериозна врска?
Доколку постојат повеќе работи кои укажуваат на сериозна врска, тогаш мора да постојат и многу работи кои укажуваат на несериозна врска.
Па, каква би била несериозната врска?
Тоа е врска каде еден од партнерите не ја сфаќа сериозно и смета дека од тоа нема да излезе сериозна врска никогаш.
Интересно е што не се сложуваат сите со тоа што значи сериозна врска. За некој имањето сексуални односи е доволно за да таа врска биде сериозна. Но, не мислат сите така и на овој начин.
За многу луѓе сериозната врска е онаа врска што е романтична, емоционална и сексуална. Но, кога врската е само физичка тоа не е во вистинска смисла на зборот сериозна врска. Тоа е чудно бидејќи сексуалната врска има физички ефект.
Како би знаеле дека личноста со која излегувате и се дружите е вистинската личност за сериозна врска? Па, еве неколку прашања кои треба да си ги поставите на себеси како би констатирале дека таа личност е сериозна.
1.  Kај води врската?
Доколку вашата врска станува сериозна тоагаш е најдобро да знаете што тоа значи.
Доколку сте со момче не го прашувајте дали планира да ви даде прстен. Обидете се да бидете поразумни. Самите сфатете доколку тој сака да станат работите посериозни. Доколку ви одговори позитивно сетете се дека можеби не сака да ви ги повреди вашите чувства.
Од друга страна добро е да знаете во која состојба е вашето момче и какви се неговите надежи за вашата врска. И доколку не е отворен за разговор околу оваа тема тогаш веќе го имате вашиот одговор.
2. Каков е вашиот 10 годишен план?
Или пак тоа е премногу. Каков е вашиот 5 годишен план?
Не треба да прашувате за врската. Прашајте го вашето момче што сака тој да прави следните 5 години? Каде сака да биде? Дали неговиот план е да биде кај што сега е на истото место за 5 години? Убаво е да ги знаете плановите на вашето момче и да видите дали се совпаѓаат со вашите.
Треба да ги сфатите овие работи што порано можете во врската. Само затоа што сакате да ви биде сериозна врската тоа не значи дека мора да биде. Поставувајќи си ги овие прашања дури и коа тоа е тешко да се прави најлесно е да дојдете до вистината.
3. Колку  навистина ви е грижа?
Сигурно веќе го знаете одговорот на ова прашање. Да бидеме искрени, ова прашање е најдобро да го поставите директно. Зошто? Затоа што кога ќе го прашате вашето момче ова, тој можеби ќе ви го каже она што сакате да го слушнете а кое нема врска со вистината.
Доколку сакате да знаете што чувствува за вас само погледнете како ве третира и како се однесува со вас.
Доколку не се однесува убаво со вас, тогаш тој воопшто не се грижи за вас. Дури и кога ви кажува дека добро се однесува кон вас, ќе согледате дека тоа и не е баш така. Но, ако се однесува добро кон вас и љубезно тогаш знаете дека неговите чувства кон вас се големи и силни.
4. Дали сте подготвени да бидете сериозни?
Доколку тој не е подготвен да биде во сериозна врска тогаш работите не може да одат. Крај на приказната. И не се концентрирајте секогаш на тоа што ви го кажува. Секогаш постапките говорат многу повеќе од зборовите. Треба да го знаете доволно добро вашето момче за да знаете дали тој може да се грижи за вас да ве сака и да ве почитува.
Доколку сакате да сте мирни можете да го прашате директно, понекогаш да се биде директен е најдобриот начин за да се дознаат работите какви се навистина и да ги дознаете одоговорите на сите оние прашања кои ве мачат во вашата врска.
Посетено 4.684 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!