Сте слушнале ли за СДСМ-ДПМНЕ синдромот?

Етнопсихологијата не учи за психијатриските синдроми шо се јавуват у одредени културно-географски области. Поистакнати примери се:

Аmok – Првенствено е опишан во Малај, ама се сретнува и на Филипини и во некои Афрички области. Се јавува во вид на психомоторен раптус, следен со крајна хостилност и убиствени импулси.

Кoro – Синдром кој се јавува претежно кај мажи во источна Индија. Симптоми се: паничен страв и чувство дека пенисот им се вовлекува во стомак и им исчезнува.

Latah– се јавува најчесто кај средовечни жени од низок социјален статус во југоисточна Азија. Овој синдром се карактеризира со слепа послушност, ехолалија, ехопраксија, ехомимија, се е следено со мноштво на прекинати зборови.

Windigo психоза – се јавува меѓу Индијанците во северна Канада. Прв симптом е компулзивна потреба за јадење човечко месо.

Susto синдром – состојба на паника после некое трауматско доживување, следено со интензивен страв, хиперекситабилност, депресија и пад на телесна тежина. Се среќава кај деца и млади Индијанци во Перу.

Vudu смрт – Најчесто на Хаити. Смртта е последица на верувањето на поединецот дека е опседнат од зол дух.

SDSM-DPMNE – се јавува кај вешто прекриените шизофрени лица, у Македонија. Овој психосиндром се карактеризира со копрофагија, мазохизам, дневно-политичка параноја и шоу-бизнис за олегофреничари. Често синдромот преминува у растројство наречено паранемија, со манични епизоди на Николофилија и Зоранофилија. Пореметувањето се третира со минимална плата, турски серии, неписменост, импотентна култура, партиски вработувања и миграција

 

Посетено 1.890 пати