Необоено срце…

Скоро секоја една вечер пред крајот на седмицата
Во исто време
Нешто пред изгрејсонце
Доаѓаш со здив на вино
И капки од нејзин парфем по телото
Го отвараш кафезот
На твојот најголем страв
Таму ме чуваш само за себе
Капките вино што натежнуваат
Врз усните твои
Преку моите ми ги спушташ в грло
За да ми го обојат срцето
За да можам да ти ги разгорам страствените пулсурања
Оти она не може
И не смее
Мојата сенка ја постилаш врз неа
Чекајки мојата коса
Наутро од пред очи да ја тргаш
Небаре цел ден така со себе ќе ме носиш
Се додека алкохолот не ти го доведе умот на место
Та ќе легнеш крај неа
Оставајќи ја сама да се разбуди наутро
Оти душата ти сака крај мене да се будиш
И утробата да ми ја допираш
Чиниш парче љубов в матката си ми вгнездил
Влегувајќи во мене без допир
Доволно длабоко за да ми ја раскрвариш душата до бол
Без да ми го допреш телото
Оти кејф така ти е
Оти она не дозволува да ја болиш
Оти она не знае
Не знае
Со необоено срце да љуби.

Ружица Стојановска

Посетено 214 пати

AnimeKisa: Brave Witches: Petersburg Grand Strategy anime episode Full online free at https://animekisa.in dubbed anime

AnimeFLV: Ajin: Demi-Human Movie 3: Collide anime episode Preview online free at https://animeflv.uk free anime online

Website https://animebee.to: Watch Mobile Suit Zeta Gundam animebee Episode 50 kissanime

Onihei: Sono Otoko, Heizou Hasegawa (https://aniwatch.pro/m/RXzK) Episode Preview

Ludomanistudier: https://ludomanistudier.dk/publicering/animefreak-0

Chicucdskhhgd soytedienbien: http://chicucdskhhgd.soytedienbien.gov.vn/portal/Lists/Faq/DispForm.aspx?ID=372