Viaduc de Millau: Мост кој ги допира облаците

viaduc-de-millau
Една од најимпресивните градби на модерната архитектура во светот, секако е мостот Вијадукт де Мило (Viaduc de Millau), што се издига над долината на реката Тарн во југозападниот дел на Франција. Ннеговата изградба, која започна во октомври 2001 година, а заврши во ноември 2004 година, е значително го скрати важниот пат кој ги поврзува Париз во Франција и Барселона во Шпанија. Наместо лошиот кривулест пат од 30 километри кој се протегаше преку недостапниот кањонон на реката Тарн, овој важен патен правец сега е најголемиот мост во светот.
Viaduc de Millau на многу начини е уникатен, така што често се нарекува “фараонска градба на модерната ера”. Тој е најдолгиот висечки мост во светот и највисокиот мост кој некогаш бил изграден, со своите 343 метри висина ја надминува висината на Ајфеловата кула (324 м), најголемата гордост на француската архитектура. Интересен е фактот дека за неговата изградба била ангажирана компанијата која токму Александар Густав Ајфел ја формирал кон крајот на 19 век. Инаку, оваа градежна компанија покрај Ајфеловата кула и Вијадукт де Мило, ја има изградено и познатата Статуа на слободата во Њујорк.

Viaduc-de-Millau-1

Целата негова должина од 2.460 метри ја носат седум бетонски столбови , кои, во зависност од конфигурацијата на земјиште под мостот, достигнуваат растојание на височина од  78-245 метри. За дополнителни засилување се поставени 154 челични јажиња, а основата на секој столб е со површина од 200 квадратни метри и е закопанa 16 метри во земја. За потребите на изградба на столбовите потрошени се 85.000 тони бетон.
Во изградбата на мостот учествувале повеќе од 500 работници, кои за секој час од своето работно време поставувале по 10 должни метри од мостот, работата значително им била олеснета со тогашната најсовремена компјутерска технологија. Да се ​​направи сето тоа милиметарски точно, изградбата е следена со сателитски GPS-уреди.

Viaduc-de-Millau-3

Во текот на изградбата во бетонската маса се вметнати детектори кои ја бележеле секоја промена на материјалот, прецизно до стотиот дел од милиметарот. Изведувачите на работата дале гаранции за висока отпорност на удари од ветер и осцилации предизвикани од движење на повеќе од 10.000 возила, колку што во просек го преминуваат мостот секој ден. Тие исто така гарантираа “рок на траење” на мостот од 120 години. За изградбата на најголемиот мост во светот се потрошени околу 400 милиони евра. Се проценува дека од наплата на патарина оваа инвестиција целосно ќе биде отплатена за 75 години.
Патот E75 од кој е дел и Вијадукт де Мило, е најпрометниот патен правец во Франција и најкратката патна врска помеѓу двете европски престолнини Париз и Барселона. Растојанието од Париз до Барселона изнесува 1.040 километри, а оваа импресивна изградба на патот, во Франција најчесто се нарекува “мост во облаците”, се наоѓа на 650 километри од Париз и 390 од Барселона.
Посетено 432 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!