Кршење на табу темите, како и збор-два околу семејното насилство во книгата „Марла“ – Интервју со Марија Прличкова
Во најновата епизода на „Кулитерација“ гостуваше младата писателка, авторка и блогерка – Марија Прличкова Маци со која се разговараше на различни теми меѓу кои и за нејзината книга „Марла“ за која веќе се подготвува продолжеток – комплетно ново издание.
Потоа се начнаа доста табу-теми за кои многу малку се зборува, по што се заклучи дека час и половина не се доволни за комплетно да се искажеме на истите.
Затоа падна договор после промоцијата на новата книга повторно да се изреализира уште една и со нови импресии да се продолжи разговорот.
Пуштете ја снимката, имате можност да ја запознаете Марија од еден друг агол, да ги чуете нејзините ставови на тема „љубов“, „насилство“, „брак“, „предрасуди“, како таа ги доживувала реакциите после издавањето на „Марла“, а исто така во тек е и наградната игра во која таа доделува една копија од истата.
На Инстаграм се случува „дарувањето“ каде што можете да се приклучите и сега бидејќи трае до утре (12.3) кога и ќе го одбереме среќниот добитник. Ве очекуваме и таму. Пријатно слушање!
извор: krajbrezje.mk