Кршење на табу темите, како и збор-два околу семејното насилство во книгата „Марла“ – Интервју со Марија Прличкова

Во најновата епизода на „Кулитерација“ гостуваше младата писателка, авторка и блогерка – Марија Прличкова Маци со која се разговараше на различни теми меѓу кои и за нејзината книга „Марла“ за која веќе се подготвува продолжеток – комплетно ново издание.

Потоа се начнаа доста табу-теми за кои многу малку се зборува, по што се заклучи дека час и половина не се доволни за комплетно да се искажеме на истите.

Затоа падна договор после промоцијата на новата книга повторно да се изреализира уште една и со нови импресии да се продолжи разговорот.

Пуштете ја снимката, имате можност да ја запознаете Марија од еден друг агол, да ги чуете нејзините ставови на тема „љубов“, „насилство“, „брак“, „предрасуди“, како таа ги доживувала реакциите после издавањето на „Марла“, а исто така во тек е и наградната игра во која таа доделува една копија од истата.

 

View this post on Instagram

 

🎉ДАРУВАЊЕ🎉GIVEAWAY🎉📢📢 📌Како што и најавивме во емисијата што ја проследувате моментално на РадиоМОФ🎧🎙️ Денешната гостинка Марија Прличкова @prl1chk0va подарува една копија од нејзиниот прв роман “Марла(прв дел – Кучката)”❕ 🔺За да станете потенцијален добитник што треба да направите❓ ▫️ 🔽Едноставни правилa🔽 ▪️лајкнете ја сликава✅ ▪️следете нѐ нас овде✅ 🔽🔽 ▪️ставете било каков коментар или означете некој ваш пријател или повеќе пријатели✅ ‼️Среќниот добитник ќе го одбереме на 12.3‼️ Среќно на сите!

A post shared by TheLife@ndBooks (@krajbrezje) on

На Инстаграм се случува „дарувањето“ каде што можете да се приклучите и сега бидејќи трае до утре (12.3) кога и ќе го одбереме среќниот добитник. Ве очекуваме и таму. Пријатно слушање!

извор: krajbrezje.mk

Посетено 744 пати