Искреноста на маските

Како мала живеев меѓу луѓе за кои мислев дека се студени во душите.. Растев со тоа чувство долги години, сметајќи дека тука во мојот роден крај луѓето се полни со добрина и љубов.. И беше така, додека растев, растеше и мојата љубов, добрината, чувствителноста…

Се додека тие книжни банкноти не го запоседнаа човештвото и луѓето несвесно стануваа робови на таа машинерија која безмилосно газеше се’ пред себе..

Имаше се’повеќе празна љубов…
Празни прегратки…
Празни зборови…

Мислиш љубов е, а тоа е всушност беа маските на лицата кои од ден на ден заживуваа се повеќе… Ги гледав тие лица и ги споредував со оние од детството. Не можев да разберам зошто тие беа секогаш умерени, немаа за секого насмевки, средечни беа, но до одредена граница …

Денес ги гледам тие лица и меѓу своите. Вистинските лица… – Искрените лица без глума и лажна љубов… И разбирам дека тие во детството биле вистината која човекот ја носи во себе си… Тие барем го покажуваа својот емоционален статус… Беа срдечни, умерени и спонатни… Јасно покажувајќи дали си добредојден или пак си само некој кој го среќаваат на улица. Тие културно и одмерено ќе кажеа: -Добар ден и толку..

И сега ми станува јасно дека: – Нашите километарски разговори всушност се само лажен сјај, убивање на досадата и добра подлога за трач рубрика… – Лажна љубов и насмевки зад кои се кријат завист и љубомора… – И би набројувала сеуште… Се додека живееме во заблуда…

Време е да го откриеме лицето… Она вистинското и да го покажеме сјајот…

Тие што носат вистина во себе имаат поинаков сјај.. Тој се препознава… Тој сјај е вистинската љубов која ја крепи човештината и мајчичката земја…

Оливера Ширговска

Посетено 310 пати