9 заповеди за успех и едно златно правило!
Не постои идеална формула за успех, но постојат нешта кои можете постојано да си ги мантранте и да верувате во истите.
Колку и да звучи глупаво и смешно, тешко или бесмислено, сепак со силна волја, надеж и труд секој од нас може да го постигне и достигне посакуваното.
Па да почнеме со деветте мантри или заповеди, како и да сакате наречете ги:
– Верувај во себе;
– Повторувај си дека ќе успееш;
– Колку и да е тешко, немој да се откажаш;
– Не потклекнувај на ниту едно обично искушение;
– Немој да подлегнуваш на повредите;
– Истреби ги ништошниците;
– Победи ги најдобрите;
– Надмини го учителот;
– Надмини се себеси!
Повторувај ги секој ден во еден вид на ритуална утринска вежба, применувај ги и труди се секоја од оваа заповед да ја исполниш и еден ден навистина ќе успееш!
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира