Поема за анксиозноста, паничните напади и стравови

Алови решетки,
На моево срце изгравирани.
Како челични огради
Срце ми загради.
И душа ми затвори.
Ох, оди си.
Зарем не се задоволи?
Носи се по ѓаволите!
Оди си, анксиозност, оди си…
Стисни се во некои ќошиња и
Таму засекогаш остани…

Повторно ми ги затвараш срцевите авлии,
А не ми оставаш простор ни малку да дишам.
Ни на момент не ме оставаш воздишка да земам.
И само траам и чекам,
Чекам пополека да ги отковаш челичните окови.
На момент да соберам кислород доволен за да преживеам.
И да продолжам „нормално“ да битисувам.

Но, ти!
Аждајо во облик на чувство.
Повторно и повторно
Артериите ми ги затвараш.
Деноноќно мира не ми даваш.
И само те молам…

Истај се од мене, веќе.

Скриј се во некоја дупка,
Трај си таму.
Разобличи се во поубав облик,
А мене остави ме да уживам и во онаа малку среќа,
Во она мало парче среќа кое универзимот ми го подари.
Оди си,
Во овој облик и сите останати.
Истај се… и од мене и од сите исти затвореници.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 3.965 пати