Ми тежиш…

Ми тежиш…
Ми тежиш !..
Како смртна казна,
и окови околу вратот.
Секое утро ме буди помислата…
Каде си?..
Како ја минуваш ноќта долга,
додека сите спијат,
а твоите догли прсти го стискаат перото на животот,
гужвајќи ги по илјадити пат страниците на книгата испишана со трепет…
Испишани години на една полетна мадост со детска насмевка, немирен дух и полни гради воздух.
Во маалото каде израсна, заедно со уште неколкумина во кои ја препозна својата душа…
И растеше заедно со нив..
Еден ден се одлучи за круна..
Што знам можеби и беше љубов,
или пак сакаа да ја скротат твојата детска природа и бескрајна душа која не ја собираше овој земски свет ..
Анѓелчињата на двете рамена ја вратија вербата во животот и љубовта,
тогаш кога се кршеа копјата и имаше двобој со себе си…
Но знаеше..
Сепак знаеше дека тоа не е тоа…
Иако можеби немаше неверство,
знаеше дека ја изневери својата душа…
Знаеше дека тоа не е тоа, и никогаш нема да биде…
Сега патуваш низ времето,
те следи храброст и сила за да истраеш,
да го достигнеш она,
за кое го посвети целиот свој живот…
Храбро, цврсто, достоинствено…
Но постојат мигови во кои перото пишува..
Го допира нирвана на чувства, бидејќи во рамката на животот нешто недостига…
Тежи..
За да се угаснат очите и за заспие срцето..
Знам…
Затоа тежиш…
Оли..
За убав ден

Посетено 631 пати