Мажи, не ги носете овие 9 работи во никој случај!

Ни во најголемото лудило, ни со три ножа под грло…

Ние жените сме сосема обични и едноставни суштества што се вадат од кожа од уште поедноставни работи…

И да, сериозно не ги носете, пошто ние едноставно ги мразиме…

1. Бели чорапи, освен ако не спортувате

Или не сте Мајкл Џексон, а не сте. Така што… се разбравме.

2. Чорапи во сандали

Уште поголемо НЕ од претходното. Сериозно кој мисли дека убаво изгледа во оваа комбинација??

3. Сребрени ланчиња

Нит сте куче, нит сте изгубен, нит сте сенилен… По ѓаволите која е потребата да имате сребрени ланчиња??

Исто важи и за овој тип на ланчиња. NO, NO, NO!

4. 365 нараквици на рака од кои пола се бројаници, а другите се некои кожни или платнени врзуфки. 

Часовник е тоа што се бара. Едноставно е… Се’ останато е толку детски и бесмислено…

5. Тренерки… 

Освен ако не си од Аеродром, не гледам друга причина зошто да ги заменуваш фармерките со тренерки…

6. Патики за трчање и планински чизми во секојдневен аутфит

Сериозно? Ние жените имаме 150 пара чевли. Секој од нив си има своја намена… Би можеле и вие да вметнете барем еден пар!

7. Каиши со големи токи

 

Мислам дека секој коментар е сувишен… Дури и на каубојците не им стои…

8. Пантолони со оргомни џепови

НЕ! НЕ! НЕ! Зошто по ѓаволите некои би си ја уништил комбинацијата со вакви торбести пантолони?

9. НЕ за CROCS!

На англиски вака се викаат, а јас не сакам ни да ги повикуваме… а, камоли викаме…

Посетено 949 пати