Како да смуваш девојка од Фејсбук?

Скоро и да нема човек на планетава, што нема фејсбук. Дури и најстарите членови во семејството, што кога ќе се соберат да коментираат личи како да се на некоја собиранка од Геријатрија или чинат севкупно старост на метузалем, баратаат со оваа социјална мрежа.

Нормално, сето ова го прави комуницирањето и наоѓањето на сродни души многу полесно…

Нема да ви кажувам како мене Емил ме ќари, кој патем исто ме најде на Фејс… Пред скоро 4 години и упали неговата „пуштенка“… За неа, можеби друг пат… Али јака фора у секој случај.

Одиме со 4 основни правила:

1. Писменост

По можност пишувај на кирилица бидејќи е многу полесно за разбирање, а ако тастатурата не ти го дозволува тоа или пак си навикнат да фураш на латиница, тогаш дефинитивно пробај да НЕ правиш основни правописни и граматички грешки: не можам, не сакам, несакајќи, најубава, се’ уште итн. Секако не мора да изиграваш лектор или професор по македонски јазик, али дефинитивно проработи на зборови од типот на „сфаќам“.

Избегнувај да пишуваш со ГОЛЕМИ БУКВИ (освен почетната буква на почеток од реченицата, нечие име или локација)… Бидејќи се смета за дерење.

п.с. Проработи и на интерпукциските знаци.

Правилово можеби некому ептен ќе му падне тешко, па ќе помисли дека го спремам за приемен испит на факс по мак. јазик или матурски испит по мак. јазик. Ама тоа е, пробај да ја освоиш со интелект, барем малку… Стомачни скоро секој има. Нели и за женската исто беше? Упс.

2. Не биди напорен

Не и’ пишувај 20 параграфи по ред СЕКОЈ ДЕН. Остави ја малку да дише… Остави и малку простор. Пробај да не бидеш од оние: asl pls, kakosi?, zdr, addme pls… Јер нечеш јебат’… Нипошто…

Пробај со: Здраво, Hi, Hey, What’s up…

Потоа таа ќе врати на тоа, или ако стави seen – тоа значи одјеби. Али буквално одјеби.

Ако не враќа три дена по ред. Не умрела, само те заборавила, лајкни и некоја фотка. Чисто да ја потсетиш…. Али само ако си осетил добар vibe… Инаку, не. Можно е само да била фина, а ондак мали чао.

3. Насмеј ја

Само не со црн хумор и со глупи смешки кои си ги кажувавте како мали: Иделе две чечкалици и едната и рекла на другата: Што смрдиш ма толку?

Нит е смешно, нит е интересно.

Пробај да ја насмееш со некакви смешни ситуации, раскажи што ти се случило на некој покомичен начин… Малку позезај ја… Али не многу. Да не случајно го протумачи тоа како подјебување.

Ако не важиш за човек со голема смисла за хумор, не пробувај дури не се видите во живо. Тогаш можеш…

4. Кај ќе ја изведеш?

Разговарајте, прашај ја што сака… Каде би сакала да оди, која е нејзината најголема желба, што ја возбудува, што ја прави среќна, кој е нејзиниот омилен пијалок, која е нејзината омилена храна.

Врз основа на одговорите, најди соодветна локација.

Ако нешто мрзи, тогаш дефитивно избриши го од листата за прв дејт. Можеби со тек на време ќе ја убедиш во спротивното… Но, она што е на листа НЕ САКАМ, МРАЗАМ, СЕ ПЛАШАМ… Не доаѓа во обѕир. 🙂

Со среќа!

Марија Прличкова

Посетено 2.566 пати