Со пролетта си доаѓа и точакот
Со пролетта си доаѓа и точакот – лебдечка направИја за скопските улици, со која нема шанси да заглавиш во сообраќајот. Ама – точакот прашлив од зимското чмаење во влезот, ланецот паднат, гумата издишана. Одиш кон пазарот за да го поправиш и измиеш. Недела е, а сите се тука. Еден го мие, друг го мести ланецот, пумпа гума – И НИКОЈ НЕ САКА ПАРИ!!!! Ете такво пролетно добредојде ми приреди мојата нова населба – Тафталиџе 🙂
Нека се нижат убави утра и миризливи пролетни денови, мили луѓе!
Светлана Сеси Камџијаш
Посетено 198 пати