Фејсбук – авто-портретот кој самите си го цртаме и во кој радо гледаме
Парови заљубени како од бајките, бракови стабилни и среќни, пријателства нераскинливи и верни, деца најумни и најдотерани на свет, ликови хумани, добри и чесни… во виртуелниот свет – на Фејсбук.
Неверства, разводи, подметнувања, завидливост, љубомора, деликвенција, неморал, нечесност… во реалниот свет – во Животот.
Фејсбук – авто-портретот кој самите си го цртаме и во кој радо гледаме бидејќи таму сме онакви какви што сакаме да изгледаме.
Животот – огледалото покриено со чаршав во кое не сакаме да се погледнеме.
Посетено 214 пати