Претседателе Иванов, Вие сте наша вечна инспирација!
Инспирација за да се насмееме, секако. Еве ко на пример вчера…
Дремам на пиво со двајца другари и праиме нешто празни муабети. Доаѓаме до тема: Појачала. Па овој свирел вакво, па оној свирел такво, експертиза до експертиза. Стручна, нормално. И тука првиот другар вади моќна информација од ракав, у право време за бурна пресвртница на атмосферата:
-А знаете ли вие Ѓорѓе Иванов каква колекција на ‘кастам’ појачала има?
Ја:
-Од каде па ти знаеш?
Другарот со реден број два:
-Чекај, кој е тој Ѓорѓе Иванов?
Не беше ултра смешно, ќе беше ултра тажно…
Посетено 626 пати