Цуцла
И така еднаш кога се родив пред сто години, плачев без престан три дена. Моите родители младички и убавки биле извадени од памет. Ме ранеле, ме думкале, ми пееле. Т’нка работа. Малото Даци не престаје да се дере. Секирација по дома – сто единици. Доаѓа тетин ми на гости на увид и им вика на моите: “дечки нема дупка на цуцлата”! Јаооој куку, куку.. Мајка ми зема една игла огромњача за крпење самари и прави дупкиште. И малото Даци почнува да јаде со звуци од прегладнетост – мнг мнг мнг мнг. И нана после тоа 24 часа во континуитет.
Трауме из детињства.
Затоа сега ситост се нема. Муж бе муж за храна! Без престан можам да јадам. Мож’ ми е од страв да не останам гладна.
Специјализација Психијатрија ќе запишам следниот зимски семестар . Да се доусовршам
Посетено 448 пати