‘Дете, дај нов чаршав’ е едини политички спас за Македонија – Кирил Стоименов

Кафанска нација сме си, колку и да глумиме прогресивци, напредњаци и слични њаци со подочњаци. Мада кафаната е колевка на авангардната култура, или поточно била, за разлика од денешните ‘пилешки прсти-бунар-и-лош-синтизајзер-анаранжер’ бахиналии, но тоа е некоја друга тема.

kafana

Ја и поголем дел од мојте врсници у Кочани, пораснавме по кафани. Не по наша желба, татковците не водеа. Ваљда сме им биле добар изговор да се искубат од жените: ‘Значи ќе идам да го прошетам малце, да не фане воздух, за два-три саата си идеме’. И директно у кафани. И тамо сме пишувале домашно уз зелка салата и Кока-Кола додека они делкат ли делкат, како да се на норма, пошто стварно се.

Меѓу сите тие реминисценции, шо би рекле еден Мијак и еден Трубадур, најсветол и најинтересен момент у сеќавањето ми е маневарот: ‘Дете, дај нов чаршав’. Шо значи тоа? Тоа значи дека локална екипа од соседната маса веќе е квалитетно заглавена. Значи поминале ракиите и салатите, па ордеверите и шприцерите, па сега се допиваат пивата и месиштата. Ама при крај се.  Кога од еднаш улетуваат уште нови двајца којшто разочарани дека не ги чекале ќе прогунџаат: ‘Па добро бе, маме му јебем, па не ли можевте да се стрпете? И сеа ние шо да праеме?’. И тука најпијаниот чика на масата ќе го најде најреволуционерното решение на столетието кое гласи: ”Дете дај нов чаршав”

И шо се дешава по оваа епохална изрека? У зависност од тоа колку се ‘намачкани’ староседелците на таа маса, се одвива и понатамошниот тек на настаните. Ако се пред последниот главен од флиперот наречен ‘Хеви-доуз’ ќелнерот стварно го збира чаршавот од ‘двата краја’ и сосе чинии и чаши и прибори го тура како вреќа на грб, ала Дедо Мраз. Ако се попримерни, само се собираат старите садови и се поставуваат нови. Без разлика на начинот на собирање, исходот е исти: Се почнува јово-на-ново, од ракии и саалати, преку ордевери и вина, до месишта и пива. И така до Армагедон.

Е сега, имам предлог. Бидејќи од девееспрва наваму, нашите ‘трезни’ политичари прекардашија и со ракии-салати па се до последното пиво, бидејќи ги прелија сите чаши, кригли и буриња, ја викам граѓанството да биде најпијаниот чика и  да ги нареди сите шо од тогаш па наваму се бавеле со политика, да ги построи на античкиот ни плоштад и да ги каменува до смрт. И после се знае: ‘Дете, дај нов чаршав’.

Само у тој нов чаршав они, политичарите, треба да бидат трошки, бидејќи нашиот пијан чика е гладен. А и преку кур му е.

Посетено 1.577 пати