Балада за тромадолите

tromadolTромадоли

Ајде сега пушти си ја од Nirvana – Polly
свари си супичка и кр’кај тромадоли
Може и нешто југословенско, пример Идоли
Биди добар дечко и кр’кај тромадоли
Запиваме се на Џолин, од госпожа Партон Доли
меземе марулка и рендани тромадоли
Молим те не ме нуди ќофтиња од бруколи
знаеш дека сум на свинско и шака тромадоли
Облачајте се деца, не се акајте голи
Ќе треба да купувам Фервекс, и за мене тромадоли
Да знаете дека Исус, на 12-те апостоли
у црвеното вино и бутал тромадоли
Пушам Давидов 100’s, затнувам алвеоли
после ќе пушам курандара и ќе кр’кам тромадоли
Гледам штрајк пред владата, клатат се пароли
демонстрантите на ајвар и леб, и под јазико тромадоли
Од неоргански соединенија, највеќе поштувам соли
Доручкувам си бони-топ, со малку тромадоли
Времето е грипозно, утепа не пролив и мрсоли
Облачаме чорапи со оцед, а успат и тромадоли
Апел до цајканите, да не се курчат со тие мотороли
И они ќе завршат со Алцхајмер, или на тромадоли
Почна вилицата да ми се тресе како железа од коњски коли
Одам да завалам огино, и да грувам тромадоли.

Кирил Стоименов – Дилер у Зегин

595х90 px-01

Посетено 372 пати