„Молекуларен“ кондом – иднината на машката контрацепција?
[fblike]
Истражувачи на Универзитетот Беркли во Бостон пронајдоа начин како да ги блокираат каналите кои на сперматозоиди им го даваат моќниот удар да го пробијат клеточниот ѕид на јајце-клетката.
Во новообјавената студија, научниците од Универзитетот Беркли во Бостон открија нова можност за машката контрацепција. Тие пронајдоа начин како да ги блокираат каналите кои на сперматозоиди им го даваат моќниот удар да го пробијат клеточниот ѕид на јајце-клетката.
„Билни хемикалии кои на сперматозоидите ќе им го одземаат моќниот удар“
Станува збор за две билни хемикалии што ја имаат моќта да оневозможат спермата да го пробие клеточниот ѕид на јајцето. Ова се случува со вршење на опструкции на т.н. „Catsper“ јонски канали кои му овозможуваат на калциумот да се прелее во спермата и да и го даде „моќниот удар“ со кој таа се пробива низ клеточниот ѕид на јајцето. Овие канали се отвораат кога спермата ќе влезе во облакот на прогестерон во близина на јајце-клетката, што предизвикува опашката на спермата да го промени своето движење од пливање до јајце-клетката до навлегување во јајце-клетката.
Двајцата виновници за затнувањето јонските канали се растителните хемикалии „Lupeol“ и „Pristimerin“ што може да се најдат во овошја и зеленчуци коишто човекот ги консумира секојдневно. „Lupeol“, што може да се најде во грозјето, јагодите и маслинките, е билка хемикалија проучувана за бенефициите што ги носи како анти-воспалителна состојка, додека „Pristimerin“, што е малку поретка билна хемикалија содржана во виното, е позната како традиционална кинеска билка за лекување на артритис.
Истражувачите откриле дека овие хемикалии се во можност да го оневозможат природниот одговор на спермата на прогестерон и тие велат дека овој метод е 10 пати поефикасен од било која друга форма на контрацепција што во моментов е присутна на пазарот. Овој нов тип на контрацепција тие го нарекуваат „молекуларен кондом“.
[quote align=”center” color=”#999999″]Полина Лишко, водач на студијата и биофизичар, изјави дека овој метод не само што е 10 пати поефикасен од било кој тип на контрацепција достапна на пазарот, туку и јасно го спречува оплодувањето, како и дека може веднаш да се користи за да се направи подобра и поефикасна итна контрацепција.[/quote]
Таа исто така изјави дека планира да основа компанија којашто ќе го понуди она што таа го нарекува „универзална контрацепција“ – односно контрацепција истовремено погодба за мажи или жени. Истата ќе може да се користи со вагинален прстен или дермален фластер, а дури и ќе може да се користи како итна контрацепција.
Најголемата пречка во развојот на овој метод би можеле да бидат трошоците за производство. Како резултат на тоа, тимот е во потрага по поевтини начини за како да се здобијат со потребните хемикалии кои се присутни со многу ниско ниво во растенијата.
Испитувањата на примати се веќе започнати и резултатите се очекуваат до крајот на годинава. Доколку сè оди добро, човековите испитувања ќе може да бидат комплетирани во период од неколку години.
Посетено 388 пати