Внесот на кафе зависи од варијацијата на гените

Количеството на шолји кафе што ги пиеме секојдневно веројатно зависи од нашето ДНК, а не од навика, истакнува едно ново истражување

vnesot-na-kafe-zavisi-od-varijacijata-na-genite_image1

Наодите од оваа научна студија спроведена од д-р Никола Пајрасту (Nicola Pirastu) од Институтот „Ашер“ (Usher) од Универзитетот во Единбург, објавени се во зборникот Scientific Reports. Додека некои луѓе можат да уживаат во речиси неограничени количини кафе, на други доволна им е само една шолја наутро за да се расонат. Поранешните студии сугерираа дека овие разлики во количеството на консумирано кафе кај луѓето произлегуваат од разликите во начинот на кој телото на една личност реагира на кофеин, главниот стимуланс во кафето, но досега не беше позната точната причина за оваа појава.
Некои студии сугерираа дека одредени гени може да играат улога во различната потреба за кафе кај одредени луѓе. Студијата од 2014 година објавена во зборникот Molecular Psychiatry идентификуваше извесен број на генетски варијации поврзани со метаболизмот на кофеинот во организмот. Д-р Пајрасту и неговите колеги велат дека успеале да идентификуваат друга генетска варијација што објаснува зошто некои луѓе пијат помалку кафе од други.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/vnesot-na-kafe-zavisi-od-varijacijata-na-genite/”]Анкетата и резултатите видете ги овде…[/button]

Посетено 186 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.