„T2 треинспотинг“ го отвора Фестивалот на британски филм
[fblike]Британскиот совет и Младинскиот културен центар ја покануваат публиката на единствениот меѓународен фестивал на британски филм „Плеј ју-кеј“, од 16 до 19 февруари во шест града во регионот да проследи десет премиери на филмови на британски автори, кои привлекуваат големо внимание на најпознатите филмски фестивали во светот. Фестивалот ќе се отвори со филмот „T2 треинспотинг“, кој ги обединува оригиналните ликови на еден од највлијателните филмови од 1990-тите години. Во период од четири дена илјадници страсни љубители на киното ќе имаат можност да ги доживеат најдобрите современи британски играни и документарни филмови.
– Со своето силно влијание врз нашиот секојдневен живот и на начинот на кој зборуваме и се шегуваме, британската кинематографија со децении претставува единствен феномен во глобалната современа култура. Таков феномен заслужува несекојдневен формат. Британскиот совет го организира „Плеј ју-кеј“ истовремено во шест града од регионот, со прикажување десет филмски премиери, точно во исто време во Скопје, Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана, ширејќи го британскиот филмски џагор низ целиот регион – велат од Британскиот совет.
Тематски, фестивалот има повеќе нивоа.
– Бидејќи светот се соочува со брзи промени, а политиката воспоставува нови односи на целата планета, нашата цел е да вклучиме филмови што ги слават човечката издржливост и способност да најде одговори и решенија во тешките ситуации. Друго ниво на фестивалот е силното влијание на британската музика во овој дел од светот. Затоа ќе прикажеме филмови што се фокусираат на музика, музички бендови, нивното наследство и влијание на нашите општества – додаваат од Британскиот совет.
Посетено 214 пати