Рускиот милијардер Бојко преку својата фирма во Македонија ја понуди услугата “Форца”, брз онлајн кредит

forza-igor-pocetna_majkatiitatkotiБогатството на Бојко според Forbes е проценето на 1,2 милијарди
долари, а тој има бизниси во повеќе индустрии. Неговата фирма
Диџитал Фајненс Интернешнл на македонскиот пазар
ќе ја понуди услугата Форца, брз онлајн кредит
Oleg BojkoРускиот милијардер Олег Бојко, сопственик на групацијата  Финстар од Москва,  отвори фирма во Македонија, под името ‘’Диџитал Фајнанс Интернешнл’’ – ДФИ, која што ќе се занимава со финансиски услуги.  ДФИ ќе го понуди својот продукт, Форца, брз онлајн кредит , за премостување на краткорочни финансиски проблеми на луѓето.
“Форца е брз кредит, за брзи решенија. Наменет за оние кои работат, но имаат екстра трошок до плата, за оние кои имаат месечни примања по разни основи, за пензионери до следната пензија итн. ДФИ ви овозможува брзо и едноставно онлајн аплицирање, но и брзо одобрување и трансфер на парите на вашата сметка. Ќе ви бидат потребни не повеќе од 5 минути за аплицирање. Вие избирате колку средства ви се потребни и за кој временски период. Може да аплицирате од вашиот дом, канцеларија, преку компјутер или мобилен, 24/7 без притоа да го нарушите вашиот комодитет.“, вели Васко Михајлоски, директор на ДФИ во Македонија.
‘’Финстар’’ групацијата се занимава со операции на финансискиот пазар, пазарот на информатички технологии, телекомуникациската индустрија, медиуми и други бизниси. Сопственикот на Финстар,  Олег Бојко се занимава со банкарство од 1988 година, кога ја основал првата ИТ компанија која произведувала софтвер за финансискиот сектор.  Бојко, односно Финстар Групацијата, исто така е сопственик на финансиската група 4Фајнанс која работи во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и САД, чија дејност е кредитирање на населението спојувајќи ги добрите искуства од информатичката технологија и финансиите.
Тој има удел и во телевизискиот канал Fashion TV, кој што се емитува во речиси 200 земји, а ко – продуцент бил и на холивудскиот филм  Sin City: A Dame to Kill For од 2014 година.
Богатството на Бојко според Forbes во моментов е проценето на 1,2 милијарди долари и тој е 55-иот најбогат човек во Русија.
Игор Џамбазов, заштитно лице на “Форца”. Погледнете ја рекламата

Повеќе информации за можностите што ги нуди финансиското друштво ДФИ и нивниот Форца кредит до плата може да погледнете на официјалната веб страна www.forza.mk или да добиете на телефонскиот број 02/ 323 6666.

Посетено 4.130 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!