Трофеј за Бејби…

„Сите ние мислиме дека Весна Петрушевска-Бејби ја знаеме, но откако ќе ја прочитате книгата ќе сфатите дека воопшто не сме ја познавале”, вака вчеравечер авторката Винка Саздова од издавачкиот центар ТРИ ја отвори промоцијата на автобиографската книга на актерката Бејби.
trofej-za-bejbi
За првпат Весна Петрушевска ѝ се обраќа на јавноста преку книга во која пишува за драматични настани од својот живот и раскажува анегдоти кои истовремено ќе го развеселат, но и растажат секој читател.
trofej-za-bejbi-2„Трофеј” е една неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како актерка по вокација која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка… Но, пред сè, како човек со големо срце. Во својот книжевен првенец, Весна го распостила пред нас својот живот исткаен од спомени и надежи, солзи и радости, падови и подеми. Без разубавувања и задршки, без цензура, се вели во рецензијата за книгата на издавачката куќа ТРИ.
trofej-za-bejbi-3 На прашањето на Винка, зошто Бејби одлучила својата приватност да ја стави на тапет пред јавноста, Весна искрена, како и сите страници во книгата одговори: Така најдов простор да се излечам себеси.
Промотор на книгата беше нејзиниот пријател, колега, и како што и самата ќе каже во книгата, партнер за сценска брачна игра, Игор Џамбазов.
trofej-za-bejbi-4„Постојат луѓе кои читаат и една друга група на луѓе кои пишуваат. Но, има и една мала трета група на луѓе што ги прават и обете работи. Весна Петрушевска е една од нив. И тоа во година во која плусот и минусот се зафркаваа со неа. Најнапред и се случи „Брачна игра”, и позитивното водеше 1:0 во 2016 година. Потоа се случи една семејна трагедија, па негативното изедначи 1:1. И сега пред крајот на годината, излезе првенчето на Весна, „Трофеј”. Ова е прва книга од македонски автор во која се спомнувам јас, а не сум ја напишал”, во негов препознатлив стил кажа маестро Игор Џамбазов.
trofej-za-bejbi5
Во емотивниот говор пред своите пријатели, соработници, колеги и почитувачи, Весна се заблагодари на луѓето кои ја поддржуваат.
trofej-za-bejbi6-Ми значи многу што сте вечерва тука со нас. Не кажував никому дека пишувам, зашто имав голема одговорност кон моите пријатели, луѓе кои се мои блиски соработници, почнувајќи од Игор и Тони, и одговорноста како ќе го пренесам тоа на Винка, како ќе соопштам дека сум напишала книга. Мислена е многу години, но напишана е за неколку месеци. Сакам да се заблагодарам на моите родители кои ме издржаа сите овие години, на моите деца кои ме „трпат” таква кава што сум, на мојот режисер кој ме врати меѓу живите на сцена, мојот Тони, на довербата која ми ја укажа Игор кога му реков дека мора да се врати во театар. Сакам да се заблагодарам на Винка за целосната поддршка која ми ја даде и да се заблагодарам на мојата Елена Пандева која што ме поддржува последните две години знаејќи низ какви премрежја поминувам, и на мојата Вики поради која сум жива, како и на господинот Енвер Малиќи кој прифати да дојдеме тука во Парк Хотел и да ја промовирам мојата книга.
trofej-za-bejbi7„Трофеј за Весна Петрушевска! Честитки за храброста што си ја распосла душата сосем искрено низ пишаните страници! Ова беше емотивна промоција на нејзината прва, но не и последна книга”, упати честитки г-ѓа Елена Пандева која две години несебично ја поддржува авторката која и оваа посебна вечер носеше исто толку посебна елегантна креација на Елена Лука.
trofej-za-bejbi8Весна Петрушевска е една од најпознатите личности на македонската културна и забавна сцена: има одиграно околу 70 улоги, 10 години е автор и водител на познатото шоу Вртелешка. Добитник на многу награди кои, патем, никогаш не ги споменува, важи за лик што го игра она што вистински ќе го посака. Во својата кариера има дури две монодрами (од кругови блиски на Весна дознаваме дека тоа е последица од многу зборување сама со себе од најрана возраст). Сака да истражува најразлични сценски жанрови, па ќе почне да настапува и како стендап комичарка, од мака и пуста желба да насмее некого кога е таа проклето тажна.

Текстот е превземен од fashionel-powered-by-elena-luka

Посетено 1.536 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!