Си и погледнал на сиромаштијата во очи!
По повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата 17 октомври,
а во знак на поддршка на Македонската платформа против сиромаштијата
Кога ќе видиш…
– женско бебенце во нечии раце кои молат за денар на плоштад или неухрането машко бебенце на редовен месечен преглед во амбуланта,
– мало девојченце кое продава рози пред ресторани или момченце кое само скита по улици додека неговите другарчиња се во градинка,
– девојче кое проси на семафори наместо да биде во клупа во основно училиште или момче кое наместо со ранец оди на училиште со книгите во пластична кеса,
– девојка која стапува во малолетен брак или дечко кој собира картони и пластични шишиња по контејнери додека нивните врсници од средно, веќе се спремаат да се запишат на факултет,
– средновечна жена која работи како куќна помошничка или маж кој свири на гитара за милостина во трговските центри,
– бабичка која продава чајчиња на картонска кутија на пазар или дедо кој спие под мост и се храни во народна кујна…
си и погледнал на сиромаштијата во очи!
Не бира време, не бира место, не бира пол, ниту возраст, секој може да биде нејзина жртва. Затоа, придружи се во борбата против сиромаштијата.
НЕ ГО ВРТИ ПОГЛЕДОТ!
Посетено 1.970 пати