STUDIO 54, книга за легендарниот клуб од Њу Јорк
Основачот на легендарниот њујоршки клуб Студио 54 за прв прат ќе ја раскаже својата приказна која ќе биде претставена во книгата 2015.
Ian Schrager човекот кој стои зад концептот на еден од најпопуларните клубови во историјата, Студио 54 е отворен во 1977 год. и набргу станува место низ кое прошетале апсолутно сите sвезди од тоа време. Гостите биеле crème de la crème на Њу Јорк, од глумци преку уметници, пејачи, писатели, како Biancа Jagger, David Bowiе, Michael Jackson, Andy Warhol, Salvador Dalí, Truman Capote, Marc Jacobs i Tom Ford и многу други.
Сега од “прва рака” сите интересни приказни околу основањето на клубот и неговите легендерни забави ќе бидат укоричени во една книга, збогатена со огромен број на фотографии од sвездите кој се одлично се забавуваат таму. Биографијата за овој познат клуб би требало да биде објавена есента во 2015. година.