Каква е оваа метропола без говорници, изгубени ликови, љубови и ти-тии-тииит сигнали?

govornica
..сакав да ти се јавам и да ти кажам колку те сакам..колку ми фалиш, колку брзо ми се врти светот околу тебе..го зграпчив телефонот со жустрина на разулавена лавица, растргната од чувства, слабост и брзина..кога го свртев твојот број и почна долго да звони ти-тии-тииит, видов колку е посрано стаклото, купишта напластени остатоци од моментални потреби и чувства на птици во лет, полет и занес и тука сфатив дека уствари мојата желба е истото стакло пресликано во мене, и дека тоа што сакав да ти го кажам, е уствари тоj мозаикот на говорницата, кое никад не е чисто, и увек ќе биде закашкано од ти реков-ми рече моменти, со ти -тии-тииит безвезни украдени цитати од глуп, досаден, нискобуџетен филм…
..а јас, уствари тргнав накај штабот да лепам плакати и да правам анкети, за рејтингот на мојата партија, губитници и безизлезници во светската метропола, ама..
..и на крај, како и секогаш, се прашувам, каде ги снема телефонските говорници кои пленеа со најдлабоки мисли од плиткиот ум, со ишкрабани имиња и броеви на смели типови, на кои прво би им свртела за анкетни прашања..каква е оваа метропола без говорници, изгубени ликови, љубови и ти-тии-тииит сигнали?..а, гулабите?..кој сега ќе не посере за среќа?..
Посетено 683 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!